back to top
7.8 C
Skopje
вторник, 3 ноември , 2026

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември најавени три нови производни капацитети

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски, соопшти дека компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, а за декември најави и три нови производни капацитети со потенцијал за отворање повеќе од 1.000 работни места.

Мицкоски информираше дека „Гересхајмер“ досега реализирала две инвестиции во земјава во вкупна вредност од околу 120 милиони евра и вработува околу 300 лица.

„Нивната амбиција е нова, дополнителна инвестиција на 100.000 квадратни метри, со која ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и практично ќе го тројно зголемат обртот на својот бизнис кај нас“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека во декември се очекуваат три нови производни капацитети, кои по достигнувањето на полниот капацитет би требало да обезбедат повеќе од 1.000 добро платени работни места.

Во рамките на посетата, Мицкоски остварил и билатерална средба со премиерот на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, на која се разговарало за продлабочување на економската соработка. Тој истакна дека Македонија е единствената земја од Западен Балкан што има потпишано договор за ваков тип билатерална и економска соработка со покраината.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести