back to top
22.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Мицкоски од Њујорк: Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси

Други наслови

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој деновиве е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

На средбата присуствува и Брендан Харнахан, помошник Државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик Помошник државен секретар за Европа.

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави.

„Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери.

Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи.

Се разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, за економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и за улогата на земјава како сојузник во НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност.

Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери. Градиме односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која треба да носи резултати за граѓаните и за државата“, објави Мицкоски.

Особено значајно е што, како што вели, имаме директен и отворен дијалог со американската администрација.

Ваквите средби, оценува Мицкоски, се можност нашите позиции да бидат јасно претставени и македонските интереси да бидат слушнати таму каде што се разговара за важни регионални и глобални прашања.

„Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси.

Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести