back to top
17.8 C
Skopje
вторник, 22 септември , 2026

Мицкоски во ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот

Други наслови

Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот, напиша премиерот, Христијан Мицкоски, на Фејсбук. Тој учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка“, напиша Мицкоски.


„Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси“, додаде премиерот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести