back to top
8.8 C
Skopje
среда, 11 ноември , 2026

Министерот Муамет Хоџа дел од државната делегација предводена од претседателката Сиљановска-Давкова на COP31 во Анталија

Други наслови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ќе престојува во работна посета на Република Турција по повод учеството на Лидерскиот самит во рамките на 31.

Конференција на страните (COP31) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

Во составот на делегацијата ќе биде и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Посетата ќе се реализира во периодот од 10 до 13 ноември 2026 година, во Анталија, Република Турција, каде што светските лидери, претставници на владите и меѓународните организации ќе разговараат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.

Учеството на министерот Хоџа на овој значаен меѓународен настан претставува можност за афирмирање на државните приоритети во областа на животната средина и климатските политики, размена на искуства и унапредување на соработката со меѓународните партнери во насока на забрзување на зелениот пресврт и исполнување на климатските цели, се наведува во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести