back to top
28.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Мизрахи: Парламентарната соработка е важна за градење стабилни и трајни односи со Израел

Други наслови

Претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Државата Израел, Рашела Мизрахи, заедно со членовите на Пратеничката група, оствари средба со делегација на Министерството за регионална соработка на Државата Израел.

На средбата беше изразено задоволство од пријателските односи и досегашната институционална соработка меѓу двете земји. Претседателката Мизрахи истакна дека парламентарната соработка има значајна улога во градењето стабилни и трајни односи и во отворањето можности за нивно натамошно унапредување.

Во фокусот на разговорите беше продлабочувањето на соработката во повеќе области од заемен интерес, меѓу кои образованието и универзитетската соработка, старт-ап компаниите, земјоделството, енергетиката, индустријата, технологијата, како и унапредувањето на деловната соработка меѓу двете земји.

Се разговараше и за евроинтегративниот процес и патот на нашата земја кон членство во Европската Унија.

Соговорниците се согласија дека создавањето подобра иднина е во интерес на двата народа и на двете држави, а дека тоа може да се гради преку подобро поврзување, размена на искуства и континуирана соработка.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести