back to top
15.8 C
Skopje
четврток, 22 октомври , 2026

Муцунски со министерот за Европа на Франција: билатералната соработка и европската перспектива на Македонија во фокус на разговорите

Други наслови

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат, извести Министерството.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести