Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.
„Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот“.
