back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 5 ноември , 2026

Народна банка: СДСМ повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

Други наслови

Народната банка најостро ги отфрла, како што велат, манипулациите на СДСМ. Од таму велат дека партијата повторува веќе демантирани невистини и свесно ја поткопува довербата на штедачите.

„Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на АЛТА банка АД Битола. Станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно се извртуваат фактите и се создава погрешна слика во јавноста. Овие наводи беа објавени вчера во неколку медиуми, по што Народната банка веднаш реагираше и ги демантираше. Демантот беше професионално објавен од страна на новинарите и медиумите, со што јавноста веќе беше запознаена со точните информации и законските надлежности. Оттука, особено загрижува што СДСМ денеска повторно ги пласира истите тврдења, игнорирајќи го јавно објавеното појаснување на Народната банка“, се наведува во демантот.

Од Народната банка велат дека фактите се јасни и недвосмислени. „Согласно со член 57 став (1) точки 3 и 4 од Законот за банките, претходна согласност за именување членови на Управниот и Надзорниот одбор на банка дава Извршниот одбор на Народната банка, составен од гувернерот и вицегувернерите“, се наведува во демантот.

Оттука, велат од Народната банка, целосно е неосновано на администраторот да му се припишува носењето одлуки што ги донел друг, законски надлежен орган. Според Народната банка, ваквото претставување на фактите е обид за дискредитирање на администраторот.

„Народната банка смета дека е крајно неодговорно политичките субјекти да шират вакви инсинуации, особено во момент кога институцијата презема конкретни мерки за заштита на интересите на штедачите и клиентите на АЛТА банка. Свесното повторување на веќе демантирани невистини и создавањето сомнеж во законитоста на постапувањето на Народната банка не придонесуваат за информирање на јавноста, туку директно ја поткопуваат довербата во банкарскиот систем. Во вакви околности, интересот на штедачите мора да биде над дневнополитичките пресметки“, се наведува во демантот на Народната банка.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести