back to top
22.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Невремето го одложи големиот концерт во Крива Паланка: Лепа Брена, Слаткар и Ацо Пејовиќ вечерва на сцената

Други наслови

Силно невреме вчера ја зафати Крива Паланка, оставајќи последици поради кои организаторите одлучија да го одложат планираниот концерт.

Од Општина Крива Паланка информираа дека поради последиците од невремето е потребна целосна проверка на сценската и техничката опрема, како и нејзино безбедно ставање во функција.

Поради тоа, концертот наместо вчера ќе се одржи денеска, 30 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка. Времето останува непроменето, односно концертната програма ќе започне во 20:00 часот. Одлуката е донесена пред сè поради безбедноста на публиката, изведувачите и сите лица ангажирани во организацијата.

Од Општината им се заблагодарија на граѓаните и посетителите за трпението, разбирањето и поддршката, со порака дека сите дополнителни информации ќе бидат објавувани преку официјалните канали.

На своите профили на социјалните мрежи, Слаткар, Лепа Брена и Ацо Пејовиќ објавија видеа во кои ја информираа публиката дека тие биле спремни да настапат, но поради последиците од невремето, концертот во Крива Паланка се одложува за утре, 30 август.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести