back to top
5.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

(Фото) Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров

Други наслови

Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за спорт, рекреација и здрав развој на децата и младите. Во ООУ „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски.

Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се реализираат во рамки на проектот, со што дополнително се унапредува и збогатува спортската инфраструктура на територијата на Општина Ѓорче Петров.

Со поставувањето на современите фитнес реквизити, учениците и младите добиваат функционален простор за физичка активност, вежбање и рекреација, кој ќе биде од корист и за останатите жители на општината, известуваат од таму.

„Во изминатиот период инвестиравме во нови и реконструирани спортски терени, фитнес и калистеника зони, како и во унапредување на училишната спортска инфраструктура. Нашата цел е спортот да биде достапен за сите, а особено за нашите деца и млади. Оваа инвестиција е уште еден чекор во тој континуитет. Благодарност до Министерството за транспорт и врски за поддршката во реализацијата на проектот“, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека инвестициите во спортот продолжуваат и во наредниот период, со реализација на нови проекти во училиштата, населбите и постојните спортско-рекреативни комплекси.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести