Официјална Софија се уште не испратила одговор на барањето за средба за продолжување на дијалогот за надминување на недоразбирањата кои се пречка на патот кон ЕУ, испратено од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Министерот го испрати барањето откога тоа од него го побара премиерот Христијан Мицкоски, кој пак доби совет да побараме средба од претседателката на Европската Комсија, Урсула Фон дер Лајен.
Премиерот Мицкоски, денес, одговарјќи на новинарски прашања по презентацијата на извештајот на Светска банка, кажа дека нема големи очекувња од евентуална средба.
„Имајќи ја предвид мојата анализа којашто вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, дека, еве ќе бидам повторно дипломатски некоректен, имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо. Очекувам некој дијалог pool side, ние така го викаме, на коњапој, и тоа е отприлика“, рече премиерот Мицкоски.
Министерот Муцунски во петокот минатата недела официјално побара да се сретне со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова – Чамова, на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој треба да одржи оваа недела.
