back to top
14.8 C
Skopje
четврток, 12 ноември , 2026

​Одбележан 12 Ноември – Денот на ослободувањето на Драчево

Други наслови

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес положи свежо цвеќе пред спомен-плочата кај Домот на културата, по повод одбележувањето на 12 Ноември, Денот на ослободувањето на Драчево. Настанот беше во организација на Сојузот на борци на Македонија и поддржувачи на борците од Кисела Вода. Преку оваа свеченост беше одбележано херојското минато и денот кога Драчево ја извојува својата слобода.

Во рамки на настанот, учениците од двете основни училишта во Драчево, ООУ „Св. Климент Охридски“ и ООУ „Кузман Шапкарев“, приредија пригодна програма. Во знак на благодарност за континуираната поддршка и соработка во активностите за негување на спомените од Народноослободителната борба, Сојузот на борци и врачи Благодарница на Општина Кисела Вода.

Во своето обраќање, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска го истакна историското значење на овој ден и оддаде почит на хероите од Дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада:

-Пред 82 години, 500 храбри борци со малку оружје, но со огромна желба за слобода, придружени од младинците на Четвртиот скопски партизански одред, тргнале во одлучувачка битка. Денес се присетуваме на нивната жртва, на херојството на железничката станица во Драчево, како и на нивната заслуга хидроцентралата Матка да остане неурната. Веднаш по ослободувањето на Драчево, овие херои се упатиле кон Скопје, каде утредента се вклучиле во жестоките битки и биле дел од единиците што ја донеле слободата на главниот град. Во тие борби паднале многу херои чии имиња се трајно врежани во нашата колективна меморија. Нивното херојство е наш аманет кој мора да го пренесеме на генерациите по нас. Нека им е вечна слава!“ – истакна Стаменкоска Трајкоска.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести