Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде што по повеќе години, за првпат се поставува нов асфалт.
Станува збор за улица во должина од 530 метри, на која се поставуваат 2.330 квадратни метри нов асфалт, со што значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Дополнително, улицата ќе добие ново асфалтно поврзување со населбата Реонски Центар, со што ќе се подобри сообраќајната поврзаност и ќе се овозможи побезбедно и полесно движење во овој дел од Аеродром.
„Општина Аеродром продолжува посветено да ја подобрува инфраструктурата во сите населби, реализирајќи проекти што директно одговараат на потребите на граѓаните“.
