По реакциите на јавноста, инспекциските служби на Општина Центар веднаш излегоа на терен. По нивна наредба, приватниот имот на улицата „Водњанска“ бр. 54, претворен во мини-депонија, е исчистен и заграден, известува Општината.
„На оваа локација е интервенирано во повеќе наврати поради постојано натрупување отпад и смет. Со решение, сопственикот е задолжен да си го исчисти просторот и спречи повторно создавање депонија.
Контролите продолжуваат! Апелираме до сопствениците редовно да ги одржуваат своите имоти и да не дозволуваат создавање депонии што ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните“, додаваат од Општината Центар.
