back to top
14.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Општина Гази Баба доделува субвенции за набавка на пелети

Други наслови

Општина Гази Баба првпат доделува субвенции за набавка на пелети.

Жителите на општината можат да аплицираат за субвенции до 30% од трошоците за набавка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари.

„Оваа мерка ја воведуваме за првпат затоа што сакаме да им помогнеме на домаќинствата во намалување на трошоците за греење, но и да придонесеме за почиста животна средина“, објави градоначалникот, Бобан Стефковски.

Право на учество имаат жителите на Општина Гази Баба кои: поседуваат печка или котел на пелети; немаат приклучок на систем за централно греење; ги имаат подмирено обврските по основ на данок на имот и ќе ја достават целосната документација согласно јавниот повик.

Барањата се доставуваат во Архивата на Општина Гази Баба, ул. „Архимедова“ бр. 2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

Повеќе информации, целосниот јавен повик и потребните обрасци се достапни на веб-страницата на Општина Гази Баба.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести