Македонската музичка сцена вчера изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина познатиот музичар и пејач кој себе остави богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении.
Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.
Меѓу најемотивните пораки е онаа на Калиопи, која се прости од својот долгогодишен пријател со зборови што ја расплакаа јавноста.
Каролина Гочева со огромна болка и тага се збогуваше од македонската музичка легенда Владо Јаневски.
Откако беше обелоденето дека 65-годишниот пејач починал по кратко боледување, Гочева се огласи со емотивно збогување со песната „Не заборавај да се сетиш на мене“:
Владе мој,
Збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам…
Откако беше обелоденето дека 65-годишниот пејач починал по кратко боледување, Гочева се огласи со емотивно збогување со песната „Не заборавај да се сетиш на мене“:
„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век. Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш. Вечна му слава“, напиша Слаткар, а потоа објавуваше стихови од песните на починатиот музичар.
Со потресна порака се огласи и Тијана Дапчевиќ, која со Владо Јаневски соработуваше и другаруваше со години.
Актерката Весна Петрушевска избра да се прости со цитат од Достоевски, додавајќи лична порака која сведочи за нивното пријателство.
Во изминатите часови десетици музичари, соработници и обожаватели објавуваат фотографии, видеа и спомени од заедничките настапи, потсетувајќи дека Владо Јаневски не беше само еден од најголемите македонски поп-пејачи, туку и автор чии песни станаа дел од животите на неколку генерации.
Неговото заминување остава празнина на домашната музичка сцена, но и богато наследство од безвременски хитови кои ќе продолжат да живеат. Токму затоа, пораките на неговите колеги не се само лични проштални зборови, туку сведоштво за почитта што ја уживаше меѓу оние кои најдобро го познаваа – како музичар, како колега и како човек.
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов на социјалната мрежа Инстаграм се прости од македонскиот пејач и музичар, Владо Јаневски, кој почина на 66-годишна возраст по кратко боледување.
-Збогум Владо…
Понекогаш зборовите не се доволни.
А понекогаш се излишни.
Слава ти!
И ти благодарам за се’ што направи…, напиша Џамбазов.
