Десетти смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Викендов на Клиниката за инфективни болести починал 70-годишен пациент од Скопје, кој имал повеќе придружни заболувања.
Според директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот 57 дена бил лекуван на Одделот за интензивна нега, но и покрај преземените медицински мерки починал.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани седум пациенти со западнонилска треска, од кои двајца се во потешка клиничка состојба и се лекуваат на интензивна нега.
