back to top
23.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Поглаварот на Македонската православна црква во посета на Општина Карпош

Други наслови

Општина Карпош денеска беше домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.

На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница.

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести