back to top
21.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот поради густиот чад

Други наслови

Опасноста од пожарот во месноста „Дорутовец“ кај Велес е намалена по интервенцијата на противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникарите од ТППЕ Велес, месното население од селото Чалошево и екипа со цистерна од ЈП „Дервен“.

Сепак, пожарот се проширил во правец на патот Велес–Штип. Поради густиот чад што ветерот го носи кон автопатот, Главниот штаб за управување со кризи побарал поддршка од Министерството за внатрешни работи за регулирање на сообраќајот, согласно потребите.

Од ДЗС информираат дека состојбата континуирано се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен.

Во меѓувреме, до 18 часот во државата биле регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, пет се изгаснати, а ниту еден не е ставен под целосна контрола. Извор: Дирекција за заштита и спасување.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести