back to top
24.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Продолжува намалувањето на бројот на новозабплени во Гостивар, прегледани 197 нови пациенти со стомачни тегоби

Други наслови

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден.

Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар.

Во Здравствен дом Гостивар се регистрирани 80 нови прегледи во дежурната служба и 13 повици до Итната медицинска помош.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести