back to top
11.8 C
Skopje
понеделник, 26 октомври , 2026

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Други наслови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а денеска и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи од дожд.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести