back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Променливо облачно време, попладне локално невреме

Други наслови

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на краткотрајно невреме со град, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести