back to top
16.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени

Други наслови

Премиерот, Христијан Мицкоски, присуствуваше на отворање на новата детска градинка во Теарце, во која ќе бидат згрижени 147 деца.

„Сведочиме на пуштање еден објект којшто е многу значаен за оваа општина, но и пошироко, би рекол, има регионално значење. Она што денеска го слушнав во неформалниот дел од разговорот со градоначалникот е дека со пуштањето во функција на овој објект веќе немаме листа на чекање, односно капацитетите се, што се вели, исполнети — 147 дечиња ќе можат да растат, да другаруваат и да ги поминуваат своите детски години токму во овој прекрасен, енергетски ефикасен објект. Ја користам оваа пригода да му се заблагодарам на амбасадорот Рокас, Неговата Екселенција, којшто со поддршката што ја дава навистина инспирира, и очекувам дека вакви објекти и во иднина ќе пуштаме“, рече Мицкоски.

Тој најави дека Владата ќе продолжиме и во иднина да финансира проекти во локалната самоуправа.

„Само да потсетам, откако оваа Влада беше избрана во јуни 2024 година — значи цели 27, еве веќе 28. месец сме Влада — повеќе од половина милијарда евра се реалоцирани од централниот буџет кон општините за финансирање проекти, а тоа е нешто што досега во историјата на државата се нема случено“, рече Мицкоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести