back to top
25.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Разгледани можностите за поддршка од ОН за Академијата за административни службеници, стартот планиран за 2027 година

Други наслови

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со постојната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамки на новата Рамка за соработка ОН–Северна Македонија 2026–2030, со фокус на доброто управување, институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на јавната администрација.

Посебно внимание беше посветено на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници, која треба да започне со работа во 2027 година. Разговарано беше за можностите за поддршка од системот на ОН во развојот на обуките, модулите и обучувачите, со цел континуираниот професионален развој да стане составен дел од работењето на јавната администрација. Во овој контекст беше спомената и досегашната соработка со УНДП во воспоставувањето на системот за управување со учењето – ЛМС.

„Реформата на јавната администрација не е само креирање на закони. Нејзината вистинска вредност е во тоа граѓаните да добијат институции кои работат поефикасно, попрофесионално и во нивен интерес. Затоа ни се важни партнерствата што носат знаење, искуство и конкретна поддршка“ истакна министерот Минчев.

Министерството за јавна администрација ќе продолжи да ја продлабочува соработката со меѓународните организации и партнери преку конкретни иницијативи и активности, насочени кон поддршка на приоритетите и реформските процеси во јавната администрација, со цел да се придонесе кон создавање на поефикасна, професионална и современа јавна администрација во служба на граѓаните.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести