Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ. Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот, велат од СДСМ.
„Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека со месеци предупредувале за катастрофалната состојба со буџетот.
„Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата“, обвинија од СДСМ.
