Мнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки, велат од СДСМ.
„Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови.
Во фокусот секако им се криминалните тендери.
Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи.
Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми.
Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми.
Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас.
Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи.
Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити.
Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании.
Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани.
Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот.
Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО.
Криминална власт, криминални закони!“, стои во соопштението на СДСМ.
