„За криминалецот С.З., познат како Симе, СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Години во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цела Македонија виде видео на кое пука со калашников на собир со знамиња на ВМРО. Го видоа и на фотографиите од 27 април пред Собранието. Друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме. ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе. Од тогаш молк. Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори“, истакнуваат од СДСМ.
Сега истиот Симе, како што додаваат, наместо да служи казна, се заканува и купува гласови во Брвеница за ВМРО-ОКГ, со уште четворица осудени дилери.
„Симе е уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. При апсењето кажаа дека дрогата е од Бата Гашиќ – поранешен министер за одбрана, претходно министер за полиција и директор на БИА.
Симе пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница.
Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Купување гласови.
Контрола на ранливи групи. Заштита на криминалци што работат за бандата“. СДСМ, нагласуваат од партијата, бара обвинителството веднаш да испита: „зошто Симе не е во затвор, кој го пушти и како со уште четворица осудени дилери купува гласови за ВМРО во Брвеница.
Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!
Мицкоски и бандата го враќаат системот на Груевски“.
