back to top
25.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Шасивари се сретна со грузискиот министер за правда во Истанбул

Други наслови

На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари билатерална средба со министерот за правда на Грузија, Паата Салиа.

Во фокусот на средбата беа можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, размената на искуства во реформските процеси и предизвиците со кои се соочуваат правосудните системи.

Соговорниците разговараа за значењето на зајакнувањето на владеењето на правото, унапредувањето на стандардите во правосудството и меѓуинституционалната соработка.

На средбата беше истакнато дека размената на добри практики и континуираниот дијалог отвораат можности за нови партнерства и придонесуваат кон изградба на поефикасни, потранспарентни и подоверливи правосудни системи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести