back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Штета за албанската кауза, министерот за правда од „Вреди“ ја изедначи жртвата со агресорот, велат од ДУИ

Други наслови

Според ДУИ, скандалозната изјава на министерот за правда од редовите на „Вреди“ има нанесено сериозна штета врз историската вистина и албанската кауза.

Изедначувањето на жртвите на режимот на Милошевиќ со агресорите, додаваат од ДУИ, директно ја засега жртвата на цел еден народ и неговата борба за слобода.

„Соопштенијата на ВРЕДИ не можат да го прикријат овој став. Кога една политичка мисла толку јасно се манифестира преку изјавите на нејзините претставници, подоцнежните формулации не можат да го поништат тоа.

Ова е идеологијата на ВРЕДИ. Денес таа јавно беше изразена од нивниот министер за правда.

Штетата нанесена врз албанската кауза е невидена и бара јасна политичка одговорност“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести