back to top
20.8 C
Skopje
среда, 21 октомври , 2026

Со јапонска донација од над 80.000 евра реконструиран дел од покривот на училиште во Битола

Други наслови

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола успешно е завршена реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија, во вредност од 80.314 евра.

Со оваа донација се придонесе за подобрување на условите во училиштето, зголемување на безбедноста и создавање поквалитетна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес. Од училиштето велат дека поддршката и инвестициите од Општина Битола и оваа поддршка претставуваат значаен придонес во унапредувањето на училишната инфраструктура и грижата за подобри услови за учениците и вработените.

На свеченоста по овој повод присуствуваше заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести