back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 3 ноември , 2026

Со тридневна програма Општина Неготино ќе го одбележи Денот на ослободувањето

Други наслови

Со низа активности кои ќе се одвиваат од петок до недела ( 6-8 ноември ) општина Неготино ќе го одбележи најголемиот празник 8-ми ноември – Денот наослободувањето на Неготино.

Настаните започнуваат во петок со доделување ваучери за новороденчиња, следува турнир во гол-бал и турнир во табла, а ќе се одржат и традиционалните улични трки за учениците од основните и средното училиште.

Во сабота ќе започне градското првенство во брзопотезен шах, во Музејот на градот ќе има изложба на ликовни уметници од општината, а во вечерните часови центарот на Неготино ќе го осветлат вечерните факели.

Централните настани ќе се одржат во недела на 8-ми ноември со прием во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино и положување цвеќе на спомен бистите на паднатите борци во НОБ, по што следува одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино во Центарот за култура од 11,00 часот.

Во склоп на празничната програма ќе се одржи и манифестацијата „Неготинско младо вино“ на старата градска чаршија со штандови на кои ќе бидат изложени и ќе можат да се дегустираат производи карактеристични за општината, а ќе има и богата забавно музичка програма.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести