back to top
28.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Други наслови

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“.

„Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди“, велат од Министерството за правда.

Се додава дека активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен и договор за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за изградбата на предвидените објекти е во тек.

Министерството за правда уверува дека останува посветено на унапредување на системот за извршување на санкциите и создавање современи и европски услови во казнено-поправните установи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести