back to top
5.8 C
Skopje
сабота, 3 октомври , 2026

Сонце преку ден, студено утро: Температурите денес до 27 степени

Други наслови

Времето изутринава ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус 2 до 7 степени, а дневната од 18 до 27 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени, информираат од УХМР.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести