Компанијата SpaceX постигна значаен технолошки успех откако горниот дел од вселенското летало Starship беше успешно фатен со механичките раце на лансирната кула во Тексас.
Според информациите објавени денеска, маневарот бил изведен на 14 ноември и претставува важен чекор кон целосна повторна употреба на вселенските летала.
Целта на технологијата е значително да се намалат трошоците за вселенските мисии, со можност истите летала да се користат повеќепати.
Успешното фаќање со механички раце покажува дека системите за прецизно враќање на леталата напредуваат, но претстојат дополнителни тестирања пред технологијата да стане рутинска.
