back to top
14.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Средба на претседателот Гаши со катарскиот министер за труд Ал Мари: разговарано и за можностите за олеснување на визната политика

Други наслови

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со министерот за труд на Државата Катар, Али бин Самик ал Мари, со кој разговараше за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави.

Претседателот Гаши потенцираше дека средбата се одржува во годината кога одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, што верува дека ќе претставува поттик за интензивирање на меѓусебната соработка, особено во делот на економијата, енергетиката, туризмот и образованието.

Претседателот Гаши се осврна на парламентарната дипломатија и на нејзината значајна улога во градењето на дипломатските односи насекаде во светот и е суштински елемент во градењето мостови меѓу земјите и народите, особено во време на глобални предизвици.

Министерот Ал Мари изрази благодарност за гостопримството од страна на нашата држава и нагласи дека неговото присуство е потврда за добрите односи што ги негуваат двете држави. Тој потенцираше дека потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот меѓу двете држави ќе биде почеток на меѓусебната соработка во повеќе области.

Претседателот Гаши го информираше министерот Ал Мари за текот на изградбата на Коридорите 8 и 10, при што нагласи дека патната поврзаност, како и местоположбата ја прават нашата држава привлечна за странски инвестиции.

Двајцата соговорници разговараа и за можностите за олеснување на визната политика, како и за обновување на авионската поврзаност меѓу двете држави што е клучно во насока на интензивирање на соработката на сите полиња.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести