back to top
13.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Други наслови

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и пожарникари.

В.д. градоначалникот на Брвеница, Роберт Милошески, изјави дека пожарот бил пријавен околу пладне, по што била побарана брза реакција од локалната противпожарна единица.

„Реагираа брзо, но пожарот се префрли во густата шума. Беше локализиран со помош на ‘ер тракторите’“, изјави тој.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, предупреди дека и покрај тоа што пожарот е ставен под контрола, постои опасност повторно да се разгори во текот на ноќта поради ветерот.

Претходно денеска, Ангелов информираше дека кај Милетино избувнал голем пожар кој се заканувал кон селото.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести