back to top
11.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

„Тоше, те сакаме сите“: Ново урбано катче со хортикултурно уредување и музички настан во Ново Лисиче во чест на Тоше Проески

Други наслови

По повод 19-годишнината од трагичната сообраќајка на Тоше Проески, ООУ „Лазо Ангеловски“ заедно со наставниците и родителите го организира настанот „Тоше, те сакаме сите“. Настанот ќе се одржи на 16 октомври 2026 година со почеток во 16:00 часот на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче.

Под пораката „Добрината не престанува – таа расте“ настанот ќе обедини ученици, родители, наставници, музичари и граѓани во сеќавање на музиката и хуманоста на Тоше.

Програмата ќе започне со „Чекори на добрината“ – заедничка прошетка од училишниот двор со детски пораки за љубов, пријателство и хуманост. Ќе следува свечено отворање на новото хортикултурно уредено паркче во чест на Тоше. Во него се засадени девет генерациски дрвја како симбол на поврзаноста меѓу децата и вредностите што тој ги остави зад себе.

Централната програма ќе се одржи кај фонтаната со неговиот лик на Детската улица. Училишниот хор ќе ја изведе песната „За овој свет“. Предвидени се и обраќања на претставници на училиштето, Општина Аеродром и родителите.

Покрај хорот и оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во музичката програма ќе настапат Next Time, Ламбе Алабакоски, Филип Божиновски, Владимир Поповски, Тамара Волчевска, Мими Јовановска, Бојана Арсовска, The Crew, Дамјан Димевски и Ангела Влинтовска.

Ќе се претстават и музичките таленти Михаил Милошевски, Јосиф Коштримовски, Билјана Ивановска, Андреј Цаневски, Нела Манчевска, Лара Митевска, Бјанка Џорџиана Дуца и Агнеса Русомаровска. Со своите настапи ќе му оддадат почит на Тоше и неговото творештво.

Организаторите ги покануваат сите граѓани да се придружат и преку песна и заедништво да го зачуваат споменот на Тоше и неговата порака за љубов и добрина.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести