back to top
17.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Тошковски: Спречувањето на кражбите и нелегалната трговија со културни добра бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување

Други наслови

Неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји нè потсетуваат колку е значајна заштитата на културното наследство и колку е важно навременото преземање превентивни мерки, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој беше во посета на Археолошкиот музеј во Скопје.

„Токму на оваа тема денеска разговаравме при мојата посета на Археолошкиот музеј во Скопје, каде што ги разгледавме можностите за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра.

Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации.

Заштитата на ова непроценливо богатство не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање. Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции“, порача Тошковски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести