back to top
22.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

Утре до 26 степени, следува период на стабилно време

Други наслови

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во североисточните делови повремено ќе засилува, претежно од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 14 степени, а максималните од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови следува период на релативно стабилно време со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат пониски, додека дневните ќе останат во границите на просекот за овој период од годината. До недела ќе дува слаб до умерен северен ветер, а потоа ветерот ќе се промени во јужен.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести