back to top
10.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Утре облачно време со повремени врнежи од дожд

Други наслови

Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести