back to top
27.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Утре сончево време со температура до 28 степени, од петок дожд

Други наслови

Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести