back to top
23.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Утре во Кисела Вода настан посветен на миленичињата

Други наслови

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ за утре, сабота, 03 октомври, во паркот „Македонија“ организираат настан посветен на миленичињата и бездомните животни.

Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, манифестацијата се организира во пресрет на Светскиот ден на животните.

Дневната програма започнува во 11:00 часот пред Домот на култура „Билјана Беличанец“. Просторот ќе биде претворен во интерактивна зона каде присутните ќе можат да добијат бесплатни стручни совети од ветеринарен лекар, а професионални грумери ќе одржат практични демонстрации и шишање на кучиња.

Воедно, предвидени се презентации од пет-шопови со храна и награди за милениците.

„Ова ќе биде одлична можност за сите кои сакаат да си најдат нов миленик директно да се запознаат со кучињата од стационарот на „Лајка“ и да вдомат животно на кое ќе му обезбедат топол дом“, велат од Општина Кисела Вода.

Во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот, пред летното кино „Киноверзум“ ќе се одржи кино проекција на отворено. Присутните ќе имаат можност да го погледнат македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, кој обработува емотивна тема за поврзаноста меѓу човекот и природата. Граѓаните се поканети на проекцијата да присуствуваат во друштво на своите миленичиња.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести