back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 26 октомври , 2026

(Видео) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Други наслови

Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес – конференција. Филипче посочи дека промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот. Тој посочи дека падот на Виктор Орбан во Унгарија и политичките промени во Србија се сигнал дека системот на поврзаност меѓу власта, бизнисот и медиумите постепено се распаѓа.

„Некој ќе коментира зошто славиме и дали славиме туѓи избори. Не. Туку го славиме доаѓањето на демократскиот бран тука во регионот. Затоа што тие бизнис, политички и медиумски спрегi на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите кои што го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим“, рече Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ подолго време предупредува за поврзаноста на власта на Мицкоски со политичките и бизнис-структури во регионот, додавајќи ВМРО го следи моделот на Српската напредна странка, а Александар Вучиќ е политичкиот ментор на Мицкоски.

„Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека зад ваквиот модел стојат бизнис-интереси, особено во енергетиката, трговијата со електрична енергија и финансискиот сектор. Тој потсети на врските со компанијата „Руднап“, министерката Сања Божиновска и Душан Адамовиќ, влезот на Алта банка, поврзаноста на луѓе од српската власт со наркобизнисот и релациите со компании во Македонија блиски до премиерот Мицкоски.

„Пет тони дрога во „Скај“ преписките, пред некое време, излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот. Од највисокиот врв, преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин. Луѓето кои што тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски. Пет тони дрога кои што директно водат до овие луѓе во Србија, а компаниите овде кај нас имаат директна релација со фирми блиски до премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Во делот на медиумите, Филипче нагласи дека на медиумскиот пазар во Македонија, власта овозможи влез на српските медиуми „Алo“ и „Еуроњуз“, без соодветна регистрација и тие служат за ширење пропаганда и дискредитирање на политичките противници.

„Српски медиуми, кои што не се никаде регистрирани, добиле тука, спротивно на законот, дозвола да работат. А кои луѓе? Се знае. Луѓето кои што испорачуваат тука тоа што Александар Вучиќ нарачуваше. Латас и неговата компанија. Дискредитираше, лажеше, ширеше лажни вести. Се служеше со секакви механизми. Мене лично ми дискредитираа. Убиец сум бил на деца, доктор Менгеле, згради во Дубаи и така натаму. Со години на нас ни рушеа кредибилитет, незаслужено, и за тоа да знаат дека ќе одговараат, ќе дојде денот кога ќе одговараат за тоа. Влезот на „Ало“ медиумите, влезот на „Еуроњуз“, тие луѓе работат тука, новинари, а немаат лиценца за работа. Сакаа, како последен чекор, свесни дека им се руши балканскиот октопод, авторитарен и криминален, како последен чекор да ги внесат тие медиуми тука кај нас “, рече Филипче.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести