back to top
6.8 C
Skopje
вторник, 27 октомври , 2026

(Видео) „Падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски“, вели Кузеска

Други наслови

„Историската победа во Србија го донесе падот на Александар Вучиќ, менторот на Христијан Мицкоски. Како што најавивме, доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност. Сега на граѓаните сè им е јасно. За криминалните тендери, за бизнисите со струја, енергетика, броила“, кажа Богданка Кузеска – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Јасно е зошто 5 тони дрога поминуваат преку граница и завршуваат кај СНС во Србија, а никој не одговара. Се објавуваат информации за тоа кој е „Оскар“ во преписките на наркобосовите од платформа „Скај“. Допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе доведе и до линковите во Македонија“, вели Кузеска.

„Во Унгарија се уапсени тројца министри од владата на Орбан. Има истрага за кинескиот кредит чии пари завршија кај Мицкоски. Сè станува јасно затоа што сè е поврзано. И конечно, сега на граѓаните им е јасно дека по истиот рецепт на Вучиќ од Србија се прават партии-сателити – за да се цепка опозицискиот глас.

Затоа ЗНАМ и затоа Платформа ЗНАМ 2.0. Затоа рускиот Спутник како Левица. Сè е тоа школо на Вучиќ . Рецепт на менторот на Христијан Мицкоски. Затоа што СДСМ е единствената, неконтролирана опозиција.

Заклучокот е многу едноставен. Позади сето ова стои една криминална организација. Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО – организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Христијан Мицкоски. Следат разврски, следат истраги, следи расчистување со криминалната организација, делче по делче. Сите тие разврски ќе завршат и во Македонија со соработниците на Мицкоски“, изјави Богданка Кузеска – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести