back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 3 ноември , 2026

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и „Алта банка“, создаваат терен, бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума

Други наслови

Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и „Алта банка“, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена. Откриен е планот на Филипче и СДС, кажа на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

„Тоа што со месеци го правеа не беше поради некаков српски свет, туку поради бизнис интереси на Филипче и неговиот ментор Заев.

Целта на Филипче и СДС во случајот со „Алта банка“ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, дека банката е пред распаѓање и дека е неликвидна, за утре ден, близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена“.

Според Петрушевски, еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој, како што вели, побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ.

„Прочитани се. Освен криминал, пари и корупција ништо друго не ги интересира.

Затоа, им порачуваме на граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести