back to top
14.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Виш јавен обвинител во Битола влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни

Други наслови

Обвинителството поведе постапка против виш јавен обвинител во Битола кој е осомничен дека влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание“, соопшти Обвинителството.

Во изминатиот период, биле обезбедени докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку четири поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција.

Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка.

Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на Вишото јавно обвинителство Битола со цел обезбедување дополнителни докази.

„Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место“, соопшти Јавното обвинителство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести