back to top
9.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

ВЛЕН: Голема загуба за албанската медиумска сцена, сочувство до семејството Хајредини

Други наслови

ВЛЕН изрази сочуство за смртта на директорот на телевизија Алсат, Лирим Хајредини.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат. Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат.

Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на новинарството и медиумите. Неговата професионална посветеност и придонес ќе останат во сеќавањето на сите оние кои го познаваа и соработуваа со него.

Неговата загуба е болка за семејството, но и голема загуба за медиумската заедница и нашето општество.

Во овие тешки моменти, сме со семејството и неговите колеги, споделувајќи ја болката од оваа голема загуба.

Вечен да биде споменот на Лирим Хајредини“, пишува во соопштението.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести