СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на генералниот секретар на СДСМ.
„Наместо да ги спинуваат изјавите, треба да покажат одговорност и да престанат со свесен обид за создавање паника. А за финансиски текови и одговорност, нека се потсетат и на 110 милиони евра насочени до струмичките фирми врзани со Заеви. Надлежните информираа дека се работи на изнаоѓање решение за да не бидат граѓаните оштетени, a Венко со својот тим на хипокрити на ова реагираат со обиди за делегитмирање на институцијата и исполнуваат туѓи агенди, и додека беа на власт и сега како опозицијa“, велат од партијата.
Со ова, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат да префрлат одговорност за исходот од случајот со Алта банка, иако одлуките и надлежностите се разгледуваат според законска институционална поставеност.
„Оттука, го повикуваме ЈО да ги испита наводите и евентуалното постоење елементи на кривично дело саботажа од член 315 од Кривичниот законик“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
