back to top
8.8 C
Skopje
четврток, 1 октомври , 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче за сè се против, не сакаат инвестиции и развој на државата, ама затоа пак се за „прво Бугари во Устав, па сè останато“

Други наслови

„Венко Филипче почнува да се губи на политичката сцена, а СДС ја претвора во маргинална партија. Внатрепартиски раскаран, во државата Филипче за се е против, не сака инвестиции, не сака развој, не сака индустрија, рудници, дата-центри, му смета се што значи развој на земјата и подобар живот за граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, сепак, има нешто за што е Венко Филипче. Освен за марихуана економија, тој е и за, како што и самиот изјави, прво Бугари во Устав, па сè останато.

Очигледно Филипче наумил, по стилот на неговиот струмички ментор Зоран Заев, ново предавство на националните интереси и, бланко, прифаќање на се што доаѓа од Бугарија, да прифати.

Тоа што Венко Филипче треба да направи е јавно да одговори пред македонската јавност, неговите сопартијци со кои секој ден се кара, пред македонските граѓани, дали зад ваквата негова изјава стои нов бизнис договор на штета на македонските идентитетски обележја и државни интереси?

Практиките на тргувањата со националните интереси за лични придобивки и бизнис интереси веќе ни се познати од минатото од Зоран Заев, ментор и духовен лидер на Филипче, кои заедно на власт потпишаа капитулантски договор, сменија име на држава, прифатија бугарски диктат.

Народот веќе ги има прочитано и СДС и чиракот на Заев, Венко Филипче и нема да им дозволи за свои интереси да си играат со судбината на државата и идентитетските прашања, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во сојуз со граѓаните за заштита на националните интереси и државниот развој.

А, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како што до сега водеше политики кои носат инвестиции, раст на економијата и БДП кој во последниот квартал стигна до 4,3%, нови работни места, повисоки плати, инфлација пониска од еврозоната, во време на светска енергетска криза цените на горивата се најниски од земјите во регионот, така и понатаму ќе продолжи посветено да работи во интерес на граѓаните и државата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести