back to top
28.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

„Во уште четири села е забранета водата за пиење – Мицкоски и Клековски ја отруја земјата“, велат од СДСМ

Други наслови

„Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани водата за пиење во селата Рич, Попчево, Белотино, Вељуса во Струмичко. Нема резидуален хлор, има бактерии – индикатори за фекално загадување. Водата не е за пиење, не е за готвење. Ова веќе не е инцидент. Ова е реалната слика во државата“, велат од СДСМ.

„Повеќе од 50 места во државата се без безбедна чиста вода за пиење. Единаесет недели за Гостивар нема целосен, јавен, потпишан извештај дека водата е безбедна за пиење. Пет илјади граѓани се затруја.

Има само збор на арамијата дека се е во ред – по хиперхлорирањето на Тошковски. Повеќе од месец дена загадени се реките Лепенец и Вардар. Кој ги загади – нема име. Ѓорѓиевски проверува со дрон. Лабораторијата молчи.

Обезбедувањето безбедна водата за пиење е прва и основна обврска на една држава. Кај ВМРО-ОКГ, таа е последна. Извештаите се кријат. Чешмите се забрануваат за користење. Народот купува вода во пластични шишиња. Кабинетот купува ленти за пиар.

Мицкоски и Клековски не знаат да го заштитат здравјето на граѓаните, не управуваат со здравјето-управуваат со молк. Кога има за концерт 5,53 милиони, документите се кријат. Кога има дата-центри, водата се ветува под радар. Кога има труење, се чека народот да заборави. Ама народот не заборава.

СДСМ бара да се стават на маса, да се објават јавно извештаите за Гостивар, за Вардар, за Лепенец, за Струмичкиот регион. Да се кажат имињата на загадувачите. Министерот што ги крие информациите и имињата мора да понесе одговорност. Без тоа ова не е Влада, туку една организирана криминална група што ги остави граѓаните без најосновното – чиста и безбедна вода за пиење“, соопшти СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести